Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Крит, соопшти Геодинамичкиот институт.
Земјотресот се случил во 19:02 часот по локално време на длабочина од 10 километри, објави Прототема.
Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри североисточно од Ираклион на Крит.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Крит оваа недела беше погоден од неколку земјотреси.