EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Златан Ибрахимовиќ (42) минатата сезона се збогуваше од фудбалот и ја заврши големата кариера, во која постигна многу, стана еден од најголемите напаѓачи на сите времиња, но и се стекна со репутација на контроверзна ѕвезда. Корпулентниот напаѓач (195 сантиметри) постојано влегуваше во расправии со противничките играчи, но и со соиграчите и тренерите.

Последна таква во неговата кариера беше пресметката со Ромелу Лукаку, тогашниот напаѓач на Интер. Двајцата се судрија за време на градското дерби на Милано, „Derbi della Madonina“, во периодот во кој Ибрахимовиќ го носеше дресот на „росонерите“.

Тоа беше октомври 2020 година и првото дерби во таа сезона, во кое Ибрахимовиќ постигна два гола за победа на Милан (2:1). После тоа тој во негов стил изјави дека „Милан никогаш немал крал, само Бог“, тврдејќи за себе дека е Бог. Интер во тоа време го претстави Лукаку како „нов крал“, па токму поради тоа следуваше и оваа реакција на популарниот Ибракадабра.

Но, во пролетта 2021 година и нивната следна пресметка, говореше цела Италија. Двајцата повторно влегоа во вербална расправија, за кога Ибрахимовиќ пишува и во својата книга „Адреналин“, во која изјавил дека се започнало во 45. минута, кога Лукаку се скарал со играчот на Милан, Алексис Салемакерс. Ибрахимовиќ го видел тој вербален дуел, па веднаш се вклучил. Тој му рекол на Лукаку дека мора да се смири, на што Белгиецот рекол: „Што ако не сакам?“. „Тогаш ќе ти ја скршам секоја коска во телото ако не се смириш“, налутено возвратил Ибрахимовиќ.

Во продолжение на расправијата, двајцата си размениле навреди, а Ибрахимовиќ се обидел да го повреди својот ривал со овие зборови: „Оди кажи и на мајка ти да ти направи вуду магија“. Притоа, Швеѓанецот се потсмеваше на тврдењата на сопственикот на Евертон дека Лукаку го избрал Челзи откако добил порака од својот врач и бил убеден да го стори тоа од неговата мајка. Лукаку ова остро го демантираше. А, кога слушнал што му кажува Ибрахимовиќ, целосно ја изгубил контролата: „Ќе ти забијам три куршуми во черепот“ му дофрлил Лукаку на Златан.

Ибрахимовиќ влезе во тунелот и се обиде физички да се пресмета со Белгиецот, но тоа не се случи. Златан беше исклучен во 58. минута бидејќи доби втор жолт картон и Интер победи со 2:1. Следниот месец, Интер го совлада Милан со 3:0, а Лукаку постигна гол во двете дербија, со што стана херој на титулата на Интер таа година.

  • Вистинскиот Бог го круниса кралот. Сега клекни, додаде тој.

Ибрахимовиќ таа сезона се бореше со повредите и корона вирусот, а во својата книга за таа епизода напиша вака: „Можеби Лукаку ми направи некој вуду ритуал? Што се однесува до мене, решив да се пресметам со него на теренот, како што направив еднаш со Марко Матераци, за жал, тој ја напушти Серија А (Лукаку потпиша за Челзи во летото 2021 година, но, ќе има и други можности…“, напиша Ибра во својата книга.