Највисока плата меѓу европските лидери зема унгарскиот премиер Виктор Орбан – 16.000 евра месечно, во споредба со просечната плата во земјата, потоа следуваат премиерот на Словачка, Роберт Фицо, со 11.000 евра и претседателот на Чешка, Петр Фијала, со 10.800 евра.
Македонската Влада, пред неколку дена, на официјалната страница објави дека премиерот Христијан Мицкоски секој месец зема 2.280 евра. Веднаш зад него е министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој, со дополнителниот бонус, зема плата речиси колку премиерот. Другите министри во македонската Влада секој месец добиваат по 1.870 евра на своето конто.
Инаку, според пресметките, доколку се подели платата на премиерот Мицкоски со просечната плата во Македонија, која изнесуваше 670 евра во јуни, тогаш тој зема три-четири просечни плати. Во ова рангрирање Мицкоски би бил зад премиерот на Португалија, Луис Монтенегро. Зад нашиот премиер, пак, е италијанската премиерка, Џорџа Мелони.
Инаку, по одлуката на хрватската Влада за зголемување на платите на највисоките државни претставници, Андреј Пленковиќ ќе биде помеѓу најплатените европски премиери.
Хрватските медиуми објавија дека бруто-платата на Пленковиќ од следниот месец ќе изнесува 9.367 евра, што е за 2.274 евра повеќе од досега. Така, тој ќе зема 5,1 просечни хрватски плати месечно.
Само во однос на платата, Виктор Орбан не е најплатен во ЕУ. Седуммина европски шефови на влади заработуваат повеќе од него. Највисока е онаа на германскиот канцелар, Олаф Шолц, кој заработува 348.300 евра бруто годишно или околу 29.000 евра месечно. Но, оваа сума не е особено висока во споредба со онаа на другите германски јавни лидери: шефот на германската државна железничка компанија, на пример, добил повеќе од 2,2 милиона евра во 2022 година, околу шест пати повеќе од канцеларот.
Како и да е, Орбан месечно зема 9,5 просечни унгарски плати, Роберт Фицо 7,6 просечни словачки плати, Петр Фјала 6,1 просечни чешки плати, Киријакос Мицотакис 6 просечни грчи плати итн.