Ждрепката за тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз беше безмилосна, па веќе во второто коло ќе гледаме потенцијален дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Рафа беше присутен на ждрепката, а неговата реакција кога виде дека може да оди на Новак уште во 2.коло стана хит на социјалните мрежи. Надал се фати за глава и делуваше многу замислено, па нема сомнеж дека сакаше малку поинаков епилог.

Сега цела планета се надева дека Ѓоковиќ и Надал ќе ја оправдаат улогата на фаворити во првото коло и дека, барем уште еднаш, ќе излезат на теренот и ќе ги одмерат силите во тениската класика.