Невреме ја погоди Србија. Затворен тунелот Предејане, кал се слева на автопатот/ВИДЕО

3532

Силно невреме вчера попладне зафати делови од Србија, а се чини дека најдраматично беше на југот од земјата.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат водопади со матна вода како се спуштаат од блиските ридови кон автопатот, пренесува Блиц.

Во меѓувреме возачите беа известени дека поради лошото време ќе биде затворен тунелот Предејане, поточно десната цевка од тунелот во правец кон Врање, но и дел од автопатот бидејќи водата со голема брзина продира во него.