„Додека се нишаат креветите“, атрактивната Индира Левак од „Колонија“ се разведува – Брачен бродолом кај популарната поп-рок пејачка

1123

По 11 години брак, донесовме заедничка одлука да се разведеме. Не се трпиме ниту во кујната ниту во креветот. Дури и се заклучуваме во бањата додека се тушираме. Продолжуваме самостојно и со нашите животи и со кариерите. Ни први ни последни                         

Индира Левак, поранешна Мујкиќ, е сега веќе поранешна пејачка на добропознатата хрватска поп-рок атракција „Колонија“, која има испеано многу песни што станаа хитови и во Македонија („Лажу очи моје“, „Одузимаш ми дах“, „Први се памти“, „Док љуљају се кревети“…), особено онаа летната „Фјака“ (Жештина), која одлично се вклопува во ова топло, тропско време.

Меѓутоа, во приватниот живот на премногу темпераментната Индира ништо не оди како што би требало. По 11 години брак, таа се разведува од сопругот Мирослав. Таа почувствува потреба да го сподели со обожавателите за брачната разделба.

– На мојата љубов ѝ дојде крајот. Но, не е и крајот на светот. Јас и Мирослав повеќе не се сакаме. Се запознавме во теретана и се вљубивме. Сега, по 11 години брак, донесовме заедничка одлука да се разведеме. Не се трпиме ниту во кујната ниту во креветот. Дури и се заклучувавме во бањата додека се туширавме. Продолжуваме самостојно и со нашите животи и со кариерите. Ни први ни последни.

Сепак, ќе се почитуваме како луѓе, ќе бидеме само деловни партнери и пријатели. Но, не можеме да останеме под ист покрив, зашто не  наоѓаме понатамошна смисла во нашиот брак.

Индира е тажна, бидејќи ниту еден брачен бродолом не е лесен. Таа вели дека бракот некогаш е бура, некогаш ураган и дека никогаш не е мирно море.

– За мене, идеален брак не постои. Лажат сите оние што велат дека им е феноменално. Како да не! Само ако има љубов, која подразбира внимание, муабет, почит, заеднички моменти исполнети со радост… бракот е успешен. Не е до парите. Ние имавме пари, убаво заработувавме, но по пат, нашата љубов згасна. Ако почнат навредите, лагите, пцостите, нетрпеливоста, тогаш тоа е кошмар. Не е добро за психичкото здравје да бидете повеќе во таков брак. Ќе побудалите.

Јас сум девица во хороскоп, Мирослав е овен, ние сме многу гласни и неподносливи кога ќе се скараме. Не дај Боже да се потепаме. Бесмислено е повеќе да зборувам на таа тема. Го бакнав Мирослав за разделба и си заминав. Можеби, таму некаде, на оној свет, пак ќе се сакаме – раскажа оваа популарна хрватска пејачка, родум од Осиек.   Д.М.