ФИЛМСКА ПОТЕРА: Италијански полицајци бркале бегалци со возило и во Словенија

226

Словенечката полиција во вторникот наутро, била известена дека италијанските безбедносни органи, врз основа на договорот за прекугранична полициска соработка, следеле возач на автомобил Форд со романски регистарски таблички на подрачјето на полициската управа Нова Горица.

Италијанските безбедносни власти не успеале да го сопрат возачот на автомобилот на италијанската страна на државната граница, па тој продолжил брзо да вози во Словенија.

Со автомобилот влегол во Словенија преку поранешниот меѓународен граничен премин Вртојба, а италијанските полицајци продолжиле да го следат и во Словенија. Додека го бркале, лицата од побегнатото возило фрлале разни предмети низ прозорците на автомобилот.

Продолжувајќи да вози низ неколку населени места во областа Нова Горица, возачот на крајот удрил во ѕид од станбена зграда во центарот на населбата Ренче. По судирот три непознати лица побегнале од возилото во правец на Волчја Драга, а на лице место е уапсен 24-годишен романски државјанин.

Во возилото се пронајдени поголем број предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од криминални активности, па истите се одземени согласно насоките на државното обвинителство во Нова Горица.