„Врие“ водата и во македонските езера: Температурите над просекот!

79

Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули.

Во Дојранското утрово се измерени 29,7 степени, во Преспанското 25,5, а во Охридското Езеро 26 степени целзиусови.

Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени.

Водостоите на реките не бележат големи промени во однос на вчерашниот ден.