Во Европскиот куп на ЕХФ сезонава ќе има три македонски претставници. На првата ждрепка Тиквеш го дозна својот противник во првото коло на натпреварувањето. За разлика од кавадарчани кои добија „вајлд-карта“, Алкалоид и Охрид беа трети и четврти во Суперлигата и ќе играат директно во второто коло.
Алкалоид кој минатата сезона беше дел од групите на Европската лига, во второто коло на ЕХФ Купот има улога на носител, додека Охрид беше во подредена улога пред извлекувањето.
Охриѓани да одат на двомеч против противник од Романија – Потаиса Турда, додека Алкалоид ќе се судри со Драгунас Клаипеда од Литванија.
Мечевите од втората рунда на Европскиот куп на ЕХФ се на програмата на 19/20 и 26/27 октомври. И Алкалоид и Охрид прво ќе играат дома, па на гости во двомечот.