Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски го прославија првиот роденден на нивниот син, па по тој повод објавија низа фотографии на социјалните мрежи. Од фотографиите се гледа дека Киан има наклонетост према свирењето и пеењето уште од „пелени“, а дали ќе биде така и кога ќе порасне, ќе видиме.
Гордата мајка напиша емотивна порака за роденденот на својот син:
„Дете мое …
Нашиот Киан денеска полни една годинка. Ова за нас беше најубава година, не знам што би правеле ако не си ТИ!
Мама и тато те сакаат најмногу на цел свет.
Биди ни секогаш вака среќен и насмеан!“, напиша Гиговска во описот на фотографиите.