На модната икона Верица и на 77 години ѝ се восхитуваат во костимот за капење

13450

Сите ѝ се восхитуваат. Верица Ракочевиќ, српската модна икона, има „само“ 77 година, а знае да ужива во животот и во својата професија како модна дизајнерка. Воопшто не ја интересираат озборувањата. Освен тоа е среќно мажена за музичарот Вељко Кузманчевиќ ,кој може син да ѝ биде, на тој ѝ е сопруг и има „само“ 47 години.

– Кога ги ставив на вага доблестите и маните на мојот Вељко, сфатив дека ако не е таков маж, животот ќе ни биде здодевен. Наместо во хотели со „пет ѕвезди“, летуваме во нашата убава камп-приколка. Не копнеам по тие секогаш уштиркани хотели кои не само што се прескапи туку таму е сè извештачено. Од постојано лажно кажување добар ден, добра ноќ, нешто што ме преморува, па сè до тоа да мора да сум средена како за модна писта, што исто така ми е и психички умор. Јас сакам на летен одмор да сум сосема опуштена и да појадувам кога јас сакам, а не да гледам на часовник, искрено рекла познатата модна икона.

Верица и Вељко на „лудиот камен“ застанаа по само една недела љубовна врска, но никогаш поради тоа не се покајале. Нивниот брак долго време беше табу-тема и кај нас во Македонија.

– Животот е кус, живејте го по вашиот ќеиф, не заморувајте се со туѓите коментари. Луѓето се најчесто безобразни, сакаат да ве навредат. Досега ќе бев или болна или мртва ако си ставав на срце од ненормалните трачеви на секој поединец. Мени ми е важно како ми е со Вељко, а очигледно дека ми е преубаво. Другото е неважно, животот го сфаќам како некоја игра која во еден миг престанува, физички ве снемува, и толку.

Секогаш размислувајте позитивно и не мислете на минатото. Единствено чувајте ги за себе спомените на своите најмили, вели сè уште згодната модна дизајнерка, која воедно сподели своја најнова фотографија од летово во црниот костим за капење.  Д.М.