Вилијам, Кејт и децата големи и во поразот: „Честитки за Шпанија!“

1755

Принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт Мидлтон направија уште еден елегантен и почитуван потег.

Иако Англија синоќа беше поразена во финалето на Европското фудбалско првенство од Шпанија, Вилијам и Кејт во духот на фер-плејот му честитаа на подобриот.

Тие на својот официјален Инстаграм профил објавија слика направена за време на синоќешното финале.

Нивните деца, синот Луис и ќерката Шарлот, носеа дресови од Англија, но тоа не им донесе среќа.

„Англија – вашата тимска работа, храброст и решителност беа инспирација за сите нас, млади и стари. Честитки за Шпанија“, се вели во кратката порака потпишана од Вилијам и Кејт.