„Нема шанси, одмарам“

101
epa10223888 Head coach Juergen Klopp of Liverpool FC after the UEFA Champions League group A soccer match between Liverpool FC and Rangers FC in Liverpool, Britain, 04 October 2022. EPA-EFE/Peter Powell

Соединетите Американски Држави останаа без селектор. По дебаклот на Копа Америка, Фудбалската асоцијација го разреши Грег Берхалтер од должностите и веднаш почна да бара нов тренер.

Прв пик на Американците беше трофејниот германски стручњак Јирген Клоп. ФАА стапила во контакт со 57-годишниот тренер и му претставила план, но експресно добила негативен одговор од поранешниот менаџер на Ливерпул.

„Нема шанси. Одмарам“, гласела кратката пораката на Јирген Клоп кога бил контактиран од ФАА.

Германецот нема намера наскоро да се врати на тренерската работа. Клоп реши да направи пауза од најмалку една година, да ги наполни батериите и дури потоа да ги разгледа можните опции.

Пред да си замине од „Енфилд“ во порака потенцираше дека е веќе уморен од големите напори.

„Го сакам овој клуб, ги сакам навивачите, сè околу клубот, но морав да ја донесам оваа одлука. Едноставно повеќе немам енергија. Овој ден мораше да дојде некогаш. Знам дека не можам да го правам ова секој ден“, рече тогаш.Клоп.

Спортскиот директор на репрезентацијата на САД, Мет Крокер бара тренер кој е роден победник. Се чинеше дека Клоп е вистинскиот избор за работата бидејќи ќе има доволно време да го подготви тимот кој ќе биде домаќин на Светското првенство во 2026 година.