Лукашенко најави повлекување на војниците од украинската граница

201

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска најави смирување на тензиите на границата со Украина, посочувајќи дека украинските сили се повлекле од пограничната област, а белоруските сили се вратиле во своите касарни.

„Сакам луѓето да знаат: ситуацијата е стабилизирана на белоруско-украинската граница. „Ние нема да се бориме и нема да ги концентрираме нашите вооружени сили овде, освен силите за специјални операции“, рече белорускиот лидер.

Тој нагласи дека во моментов нема никакви компликации со Украина и додаде дека се надева дека нема да има ниту во иднина, пренесува агенцијата Белта.