Новооткриени видови оси добија имиња по тенисерите Надал и Федерер

63

Два новооткриени видови инсекти ги добија имињата на тенисерите Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Како знак на почит кон познатите спортисти, научниците од Универзитетот Чулалонгкорн во Бангкок именуваа два новооткриени видови оси Troporhogas rogerfedereri и Troporhogas rafaelnadali.

Тие два вида нови инсекти, објаснува еден од учесниците во истражувањето и пронаоѓањето на нови видови, професорката Бунтика Арикул, припаѓаат на фамилијата паразитски оси кои сместуваат ларви кај живите домаќини, најчесто пајаци, крлежи, стоногалки и ларви од различни бубачки.

За време на нивниот развој, ларвите на овие новоименувани оси го голтаат домаќинот одвнатре и предизвикуваат смрт.

Двата вида оси, од кои едната е црно- жолта, а другата бела со портокалово, се долги околу шест милиметри и неодамна беа откриени во областа на два тајландски национални паркови, Као Џаи и Као Сок.

Засега се познати дури 112.000 видови оси, кои се групирани во 70 посебни семејства.

Овие инсекти играат важна улога во копнените екосистеми како предаторски инсекти, паразити, но и како важни опрашувачи.

Повеќето видови оси се социјални инсекти кои живеат во колонии од стотици илјади индивидуи, меѓу кои има една или неколку кралици, помал број плодни мажјаци и илјадници неплодни кои служат како работници и ги извршуваат сите задачи, вклучително и набавка на храна, чистење на гнездото, и да го брани од предатори.

Професорите на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград во својот труд објавен во угледното списание „Annales Zoologici Fennici“ пишуваат за нов вид инсекти што ги именувале по Новак Ѓоковиќ.

Авторите откриле сличност меѓу новиот вид инсекти за науката и Новак Ѓоковиќ врз основа на неколку заеднички карактеристики: брзина, сила, истрајност, еластичност и способност да се преживее во сурова средина и го нарекле Duvalius djokovici.