Хрватскиот кошаркар Марко Баковиќ ја продолжи соработката со МЗТ Скопје и за нареднава сезона. Крилниот центар, кој беше еден од најзаслужните за освојување на двојната круна во минатата сезона, во просек бележеше по 11,3 поени АБА2 лигата, со 4,9 скока.
Баковиќ во Аеродром дојде од таборот на Цибона, а претходно има играно за Горица како и за исландскиот тим Тор.