Силен пожар на Пелопонез се заканува да излезе од контрола

402

Пожар избувна денеска во централниот дел на Грција во областа Коринтија на Пелопонез, а пожарот што ја зафати шумската област се заканува да излезе од контрола, јавуваат грчките медиуми.

На теренот дејствуваат копнени сили, танкери и воздухопловни сили, бидејќи станува збор за многу силен пожар поради многу густата вегетација и релјефот на местото каде што е присутен пожарот, пишува сајтот на ТВ Коринтос.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 159 пожарникари со 49 возила, шест пешадиски единици, 11 авиони и осум хеликоптери.