НАТО: Русија е долгорочна закана за алијансата

112

Неколку шефови на држави и влади членки на НАТО денеска оценија дека Русија претставува долгорочна закана за алијансата.

Русија е најголемиот безбедносен предизвик, изјави чешкиот претседател Петр Павел за време на самитот на НАТО во Вашингтон.

Павел им рече на новинарите дека е неопходно што поскоро да се испратат системи за противвоздушна одбрана во Украина.

Шефот на полската држава Анджеј Дуда изјави дека е неопходно да се испрати порака до Москва за единство на НАТО.

Не смее да и се дозволи на Русија да победи во украинската војна, рече Дуда.

 

Претседателот на Финска, Александар Стуб изјави дека Русија е најголемата закана за НАТО.

Финска сака да се заштити себеси и со тоа да го заштити НАТО, рече Стуб.

Тој оцени дека е важно да и се каже на Москва дека не е можно да се запре патот на Украина кон членство во алијансата.

Колку повеќе и помагаме на Украина, толку побрзо се приближуваме до мирот, рече Стуб.

Претседателот на Литванија Гитанас Наузеда изјави дека нема сомнеж оти Украина по победата над Русија ќе стане членка на алијансата.

Естонскиот премиер Каја Калас изјави дека е неопходно членките на НАТО да ја постигнат целта да инвестираат во одбрана на два отсто од бруто домашниот производ.

Таа изјави дека од 32 членки на алијансата, 23 земји го постигнале овој стандард.