Тијана: Да не беше хитот „Земја на моите сништа“, би останала професорка по виолончело 

135

Тијана, популарна благодарение на другите!                                                            Жива вистина е дека многупати пејачите немаат што се вели „нос“ да си одберат песната со која потоа стануваат мегапопуларни, со која ќе направат пари, ќе се збогатат, ама и дебело ќе се каат за пропуштената шанса. Таква е случката и со македонско-српската поп-пејачката Тијана Дапчевиќ. Кога ѝ ја понудија песната „Земља мојих снова“ (Земја на моите сништа), Тијана за малку ќе паднеше во несвест. Почна да вика и да се расправа со композиторот Драган Брајовиќ-Браја, во старт ја одбиваше песната.

– Па, добро човек дали си ти нормален, каква ти е оваа песна сосе текстот? Воопшто не сакам да ја снимам. Јас сум пејачка, не сум некоја „опа-цупа“, мене ми треба монументална поп-балада, а не некој хит за „цупкање“,  остро му одговори Тијана на изненадениот Браја.

Но и тој  не остана без коментар. – Ти, Тијана, нема леб да се најадеш од тие монументални песни, па затоа види што ти е подобро да направиш.

Два месеца ја убедувале Тијана да ја сними таа песна. – Снимај, што се думаш, нема ништо да изгубиш, ми викаа сите. На крај попуштив па ја снимив песната со Срѓан од „Моби дик“, за некојси 20 минути. Буквално незаинтересирано. Влегов во таа „глува соба“, запеав…. цапа, цапа…и, ајде здраво, до видување, пријатно, супер сè беше.

Но кога ми кажаа дека за песната треба да се снима и видеоспот, повторно збеснав. „Па, зошто мора?“ – прашав зачудено. Океј, ако имате вишок пари, нема проблем, ќе го снимаме и тој спот.                                                                                          Меѓутоа, работите се сменија. Многу им благодарам на сите  бидејќи спотот сепак не беше снимен. Ете, тоа е тоа, кога нема да знаете да процените за некоја песна која потоа ќе ви донесе голема популарност, убави хонорари, интересен живот.               Не треба по секоја цена да се биде тврдоглав.

Да не беше песната „Земјата на моите сништа“, јас сега сигурно уште би била некоја професорка по виолончело во Скопје, со некојаси стандардна плата, раскажа Тијана, која и ова лето по одморот во Грција, во Сивири, продолжува со концертните настапи низ летувалиштата во Србија и на Јадранско Море во Црна Гора.   Д.М.