Општина Неготино апелира сите што сакаат да помогнат во гаснење на големиот пожар да се пријават во Општината

127

Локална самоуправа Неготино упати апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на големиот пожар во неготинско, да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045.

Ваквиот апел е само еден од заклучоците на денешниот состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување.

– Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места – се вели во заклучоците.

Меѓу заклучоците се и тие, да се изврши активирање на доброволните противпожарни друшта на општина Неготино и општина Демир Капија, да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен.