„Вартекс” оди во стечај

Работниците остануваат на улица

110

Вработените во „Вартекс“ му дадоа поддршка на Управниот одбор за започнување на стечајот на текстилната компанија од Вараждин, изјави за „Хина“ претседателот на Управниот одбор на „Вартекс“, Карло Копрек, кој одржа состанок со работниците.

„Работниците застанаа зад одлуката стечајот што поскоро да почне, затоа што тоа е единствениот начин работниците да поминат што подобро и да им бидат исплатени заостанатите плати. Стечајниот повереник има и основа за продолжување на бизнисот“, рече Копрек.

Како што изјави Копрек во саботата, сметката на „Вартекс“ е блокирана повеќе од 60 дена. Одлуката за поведување стечај ја донесува стопанскиот суд, кој назначува и стечаен управител.

Како што објаснува Копрек, кога ќе пристигне, стечајниот управник ќе ги отпушти сите работници во истиот момент и има рок од 30 дена да ја утврди точната висина на приходите на компанијата, а врз основа на овие податоци ќе ги повика работниците назад и ќе го зголеми производството.

Тој објаснува дека сите работници кои ќе бидат отпуштени во стечајната постапка, ќе добиваат плата од Агенцијата за осигурување на побарувањата на работниците (АОРТ), а ќе имаат и право на надомест во висина од 70 проценти на нивните плати.