Без вода утре корисниците од улица „Мирче Ацев“

179
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (вторник) поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Мирче Ацев бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Мирче Ацев. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:30 часот до завршување со работните активности.

Исто така, утре поради изведување на водоводен приклучок Ф 300мм на улица Живко Фирфов ББ кај пазарчето, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Драчево и населба Долно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.