Се вади речен нанос од коритото на Луда Мара во Кавадарци

90

Со механизација на јавното претпријатие „Комуналец” денеска се вадеше речен нанос од коритото на Луда Мара во Кавадарци. Денеска беа извадени околу 200 кубни метри песок и се очекува во наредните два дена да се извадат уште толку.

Гоце Ангеловски, директор на комуналното претпријатие,  вели дека редовно се вади наносот од реката, чиј кеј е омилено место за прошетка на кавадарчани, но и на оние кои доаѓаат да го посетат градот Кавадарци.