Жали Боже, фестивалот „Сплит 2024“ остана без своите медитерански хитови   

133

Вратете му на „Сплитскиот фестивал“, убави, забавни, морски хит-рефрени („Ноно мој добри ноно“, „Скалинада“, „Кадену си ми дао“, „Куд плови овај брод“, „Загрљени“, „Лудо море“, “У пролазу“, „Галеб и ја“, „Моја Ане броји дане“, „Сунчане фонтане“, „Ди си бија кад је грмило“…), бидејќи овие нови песни се за некој друг простор, за некој друг фестивал, не се за на „Сплитски“. Освен што видовме многу згодни пејачки Далматинки

Што убаво си беше на времето, покрај Јадранот, на југословенскиот „Сан Ремо“, на кој, покрај сите југословенски музички ѕвезди, настапуваа и голем број македонски: Драган Мијалковски, Маја Оџаклиевска, Цветанка Ласкова, Зафир Хаџиманов, Љупка Димитровска, Калиопи… Жали Боже за годинашното издание на „Сплитскиот фестивал“. Ни песни, ни пејачи, ни пеење… со чест на исклучоците.

Победничката песна, „Остари сан без твога тила“ (Остарев без твоето тело), во изведба на Саша Јакелиќ, не може да го смени севкупниот лош, горчлив впечаток. Здодевни, непевливи песни, многу, многу далеку од оние некогашни сплитски, медитерански бисери: „Ноно мој добри ноно“, „Скалинада“, „Куд плови овај брод“, „Њежне струне мандолине“, „Загрљени“, „Лудо море“, „Галеб и ја“, „Моја Ане броји дане“, „Сунчане фонтане“, „Скитница“, „Само симпатија“, „Ди си бија кад је грмило“, „Коколо мој“, „Рустикана“, „Опрости ми, папе“, “Зар је вољети гријех“, „Диридонда“, „Твоја барка мала“, “На кушину“, „Обала мојих снова“, “Нима Сплита до Сплита“…. Овие од „Сплит 2024“ се некако млаки, невпечатливи, непевливи, едноставно кажано, здодевни.

На своето 64. издание, фестивалот беше без својот препознатлив медитерански музички имиџ, без тој „шушур“, со песни што веќе ги заборавивме уште при првото слушање! И покрај сè, нема лутење. Вратете му ги на „Сплитскиот фестивал“ убавите забавни морски хит-рефрени. Овие нови песни се за некој друг простор, за некој друг фестивал, не се за на „Сплитски“.

Освен што видовме многу згодни пејачки Далматинки, а го видовме и фестивалски „загубениот“ Џенан Лончаревиќ. Што бараше тој на фестивалските Прокуративи кога е поп-фолк пејач? Чудно. Така да, навистина е штета да загуби фестивалот од својот медитерански гламур, да не остави ниту една песна што ќе трае како што траат уште и се пеат сите оние гореспоменати песни евергрини.    Д.М.