EPA-EFE/Biel Alino

Возачот на Дукати, Италијанецот Франческо Бањаја, извозе уште една одлична трка во Мото ГП шампионатот, откако славеше за Големата награда на Германија.

Бањаја зад себе ги остави браќата Маркез, а посебно импресивен беше поранешниот шампион Марк, кој од 13. место стигна до втората позиција, додека третото место беше резервирано за Алекс.

Лидер во генералниот пласман е Бањаја со 222 бодови, по што следи Хорхе Мартин со 212 бода, додека трет е Марк Маркез со 166.

Возбудувањата во Мото ГП продолжуваат на 4 август со трката за Големата награда на Велика Британија.