Летонскиот кошаркар Давид Бертранс (31) по само неколку месеци доби отказ од тимот на Шарлот Хорнетс. Веста ја доби среде мечот против Камерун во полуфиналето од квалификациите за Олимписките игри и имаше многу интересна реакција.

Летонскиот репрезентативец со Шарлот пристигна во февруари како дел од трејдот за Гордон Хејворд, но тимот од Северна Каролина реши да се ослободи од него ова лето. Бертранс дозна дека повеќе не е член на Хорнетс на мечот со Камерун. Но, 31-годишниот кошаркар воопшто не беше разочаран поради отказот.

  • Можам само да кажам дека не ми е баш гајле за тоа во моментов. Мојот главен фокус е овде со овој дрес на мене. Многу сум среќен што ова е единствениот дрес што го носам во моментов, изјави Бертранс.

Тој постигна 12 поени на натпреварот во кој Летонците се намачија против Камерун (72:59), а поефикасни од него беа Смитс со 13 и Ломаз со 20 поени.