Загина мотоциклист: Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид – Ресен

718

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва нешто пред 20 часот на патниот правец Охрид – Ресен, во близина на Прентов мост, пренесе Охридњуз.

Се судриле автомобил и мотоцикл, при што мотоциклистот го загубил животот, како што пренесува порталот.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека се случила тешка сообраќајна несреќа и дека во тек е увид кој го врши сообраќајната полиција. Повеќе детали за трагичниот настан тој најави за утре.