Францускиот премиер Габриел Атал најави дека утре ќе поднесе оставка

180
EPA-EFE/VALENTINA CAMU

Францускиот премиер Габриел Атал вечерва најави дека утре ќе му понуди оставка на претседателот Емануел Макрон, откако нивната центристичка коалиција „Заедно“ го зазеде второто место на денешните избори.

Тој посочи дека ќе ја извршува функцијата премиер се додека „должноста тоа го бара“, пренесува Ројтерс.

Атал истакна дека „екстремните партии“, вклучително и екстремно десничарскиот Национален собир (РН) и левичарската коалиција Нов народен фронт, нема да можат да формираат влада по парламентарните избори.