Дали оваа жешка русокоса е причината што се „оладија“ Бен и Џенифер?/ФОТО

939

Откако го помина 4-ти јули далеку од Џенифер Лопез (54), актерот Бен Афлек (51) следниот ден беше забележан на улица во Брентвуд во друштво на жешката русокоса.
За разлика од моментите кога беше со пејачката во јавност, овој пат имаше широка насмевка на лицето, која речиси никогаш не ја гледаме во јавноста кога е овој актер во прашање.

Актерот сега е фотографиран како влегува во ресторанот, одвојувајќи време за пријателски разговор со мистериозната русокоса, на која и упати широка насмевка. Овој собир дополнително ги подгреа шпекулациите за неговиот развод со Џеј Ло, со која не го ни помина Денот на независноста.

Да потсетиме, сите светски медиуми објавија дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат. Веќе некое време кружат гласини бидејќи неколку пати се видени во јавноста како се расправаат, а Бен на сите фотографии редовно изгледа или луто или депресивно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LA.GOSSiP (@la.gossiptv)