Тешка сообраќајна несреќа во Украина, 14 загинати

52

Четиринаесет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во западна Украина. Висок регионален функционер изјави дека камионот удрил во минибусот.

Загинаа 12 патници и двајца возачи, додека една жена преживеа со тешки повреди. Меѓу загинатите патници има и шестгодишно дете. Поради несреќата е поведена кривична постапка.

Несреќата се случила вчера околу 15:45 часот по локално време недалеку од селото Верхив во Ривањската област, напиша началникот на регионалната воена управа Олександр К.