EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој е мета на критики од медиумите на островот и јавноста, се одлучи за формација со тројца одбранбени играчи, пишува Гардијан. Според известувачите на тиражниот британски весник, Саутгејт сака да го подобри настапот на „Гордиот Албион“ со офанзивен пристап на натпреварот против Швајцарците. Последен пат тој користеше ваков тип на формација во финалето на Европското првенство во 2021 година на лондонскиот Вембли, кога неговите избраници беа поразени од Италијанците по подоброто изведување пенали.

Англискиот стручњак е критикуван од многумина за претпазливиот пристап кон селекциите со поскромни индивидуални квалитети. Во 90. минута Англија успеа само да ја совлада Србија во првиот натпревар од групата Ц, кога Џуд Белингам го постигна единствениот гол. Против Данците одиграа 1:1, стрелец беше Хари Кејн, додека дуелот со Словенија беше без голови.

Англичаните се мачеа во осминафиналето против Словачка, а ги спаси Џуд Белингам со гол со „ножички“ во судиското надополнување, додека Кејн обезбеди пласман меѓу осумте најдобри.