Американката Ема Наваро е хит на третиот грен-слем турнир, Вимблдон. Успешно ги мина првите две кола, но се најде во центарот на вниманието на светската јавност поради парите што ги има нејзиното семејство на сметка.

Ема, која е родена во 2001 година, е ќерка на Бен Наваро, основачот на финансиската групација „Шерман“, за кого се знае дека вреди 1,5 милијарди долари!

Покрај тоа, семејството Наваро поседува голем број хотели и затоа таа е побогата од Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер заедно.

Иако нејзиното семејство има големо богатство, а таа „плива“ во пари, самата е способна да заработи, па во досегашната кариера собра 1.074.546 долари. Годинава дебитираше на Вимблдон и во првите две кола ги победи Кинеската Ванг и Јапонката Наоми Осака.

Таа моментално е 19-рангирана тенисерка во светот и нема сомнеж дека нејзината кариера ќе продолжи да напредува.