В недела искачување до врвот Рамно

808

Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ в недела организира искачува до врвот Рамно (1.653 метри надморска височина), највисоката точка на планината.

Почетокот на турата ќе биде во 7:30 часот, од последната автобуска станица во Побожје. Се оди кон Две Реки и нагоре кон Побожки Бачила, Извориште, преку Горопоглед  на надморска височина од 1.525 метри, па сè до највисоката точка на планината Скопска Црна Гора, врвот Рамно. Потоа лево кон Царева Чешма и по летната патека надолу кон Урвич и, преку каблите, спуштање во Побожје.

Од Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ велат дека турата ќе биде средно тешка или екстра тешка за почетниците планинари и е долга 25 километри во целост, со висинска разлика од 1.100 метри.

До Побожје може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со број „61“, кој тргнува од Транспортниот центар, во 6:45 часот, додека автобус за назад има во 20:00 часот.