Дефинитивно ќе сакате почесто да јадете маслинки, кога ќе дознаете колку се здрави.
Маслинките се многу вкусен додаток на различни јадења, но и многу повеќе од тоа.
Нутриционистката Наташа Ѓукиќ го сподели своето мислење за оваа здрава храна и откри зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана:
– Маслинките се богати со железо, витамин Е и А, натриум, калциум, растителни влакна. Содржат и антиоксиданси, полифеноли и флавоноиди, кои имаат антиинфламаторно дејство, што ги прави идеална храна за борба против слободните радикали кои ги оштетуваат здравите клетки во телото – вели Наташа и додава 10 причини зошто треба да јадете маслинки:
- Ја подобруваат меморијата
- даваат енергија
- го забавуваат стареењето на кожата
- го намалуваат апетитот
- спречуваат кардиоваскуларни заболувања
- го ублажуваат запекот
- го намалуваат воспалението и болката
- содржат антиоксиданси
- ги намалуваат алергиите
- одржуваат добар вид