Зеленски: Ако Трамп знае како да ја запре војната, нека ни каже сега

95
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп да му објасни како точно би ја прекинал војната во Украина во рок од само 24 часа.

„Ако Трамп знае како да ја запре војната, нека ни каже денес“, рече Зеленски денеска во интервју за телевизијата Блумберг.

„Доколку е загрозена независноста на Украина, ако ја изгубиме нашата земја… сакаме да бидеме подготвени за тоа, сакаме да знаеме“, рече Зеленски.

Трамп претходно неколку пати изјави дека може веднаш да ја прекине војната
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на ноемвриските избори во неколку наврати изјави дека може да ја прекине војната „во рок од 24 часа“, но не објасни како.

Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со Трамп и неговиот тим и да ги слушне нивните предлози.

„Сакаме да знаеме дали по ноември ќе имаме силна поддршка од САД или ќе бидеме сами“, рече тој.