Хрватскиот кошаркар Марио Касун, некогашен играч на бројни европски екипи, гостуваше во српскиот поткаст „Јао Миле“ на поранешниот српски репрезентативец, Миле Илиќ, каде што се присети на една интересна авантура што ја имал во САД со порноактерка.

Со оглед на тоа што неговите дресови не се продавале како што замислувал, затоа што бил дебитант во лигата, Касун бил принуден да направи нешто ново, нешто поразлично од другите, па решил да ја ангажира порноактерката Мери Кери. Таа се појавила во салата носејќи ја токму неговата опрема, фановите го препознале тоа, а актерката од филмовите за возрасни уживала во вниманието на целата сала, и воедно нашла начин да ги забавува присутните додека Марио се загревал.

  • Ооо брате, се најдов во непријатна ситуација… Завршивме на забава и оваа порноактерка го носеше мојот дрес на следниот натпревар! Цела сала аплаудира, се загревам и таа си ги допира ци*ките постојано, се присети Касун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jaomile_podcast