Алваро Мората во последен момент решил да го раскине договорот со клубот од Саудиска Арабија и да остане во редовите на Атлетико Мадрид. Шпанско „Релево“ ја откри оваа вест, информирајќи дека Мората се договорил со Ал Кадисија, но потоа решил да го прекине трансферот. Ден подоцна, изворот открива дека Арапите се шокирани од начинот на кој одлучил Мората да остане во Атлетико, бидејќи сè било договорено.
Арапите подготвиле 50 милиони за Мората, од кои 15 требало да му припаднат на Атлетико, а останатите за заработка на Шпанецот. Но, тој во последен момент решил да остане.