Почна изградбата на стадионот во Илинден

965

Почна изградбата на фудбалски стадион во Илинден. Општина Илинденм стадионот го гради во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а ќе се реализира во неколку фази.

Во рамки на проектот во првата фаза ќе се изврши целосна промена на фудбалскиот терен со негово проширување и поставување на нова вештачка трева, поставување на дренажа и одводнување на фудбалскиот терен, со што ќе се добие професионална подлога за одржување на фудбалски натпревари.

-Дополнително, со проектот е опфатено да се изградат соблекувални, административни и помошни простории, нова трибина со капацитет од околу 1.000 гледачи, осветлување на фудбалскиот стадион, изградба на заштитна ограда околу стадионот, партерно уредување на просторот со паркинг места како и хортикултурно уредување на просторот околу стадионот – соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека изградбата се одвива со предвидената динамика, и оти граѓаните на општина Илинден и фудбалерите ќе добијат модерен и квалитетен фудбалски стадион на којшто ќе можат да се одржуваат натпревари од највисок ранг согласно критериумите и правилата на УЕФА.

Согласно предвидената динамика и активности сите овие градежни работи се планираат во фази да бидат реализирани до крајот на 2025 година.