Осумаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, побегнале од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти, пренесе Еј-Би-Си њуз.
Според официјалните лица, еден од избеганите имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги грабнал клучевите од затворските ќелии.
Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно, кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.
Мугал рече дека е започната масовна потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се задржани на сушење.
Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а уште тројца отслужија доживотна казна.