Ветеранот во НБА-лигата, Пол Џорџ (34), кој премина во редовите на Филаделфија, веќе една година има многу гледан поткаст наречен „Поткаст П со Пол Џорџ“.
Во една од последните епизоди, тој му беше домаќин на Деандре Џордан, резервниот центар на Денвер нагетс и поранешна голема ѕвезда што со години беше оценета како еден од најдобрите дефанзивци во лигата.
Во поткастот, меѓу другото, се осврна и на темата Србија и нејзините обичаи. Џордан раскажа како неговиот соиграч Никола Јокиќ го запознал со српската култура. Џорџ е оженет со Србинката Даниела Рајиќ, со која има две ќерки и еден син, па веќе е многу запознаен со тоа.
- Имам дома ракија со круша внатре – почна Џордан.
И тој и Џорџ се согласија дека тој е црн Србин.
Paul George and DeAndre Jordan talking about rakija (Serbian plum brandy) and Serbian culture. pic.twitter.com/3JRkDjHOay
— Aleks Djuricic (@AleksDjuricic) June 29, 2024
Тој додаде дека ја слуша Цеца, на што бил наговорен од Јокиќ, иако не сакал ни да слушне за народна музика.
- Испив малку повеќе пива и текили и почнав да играм на таа музика. Имам и ракија дома. Брат, јас сум Џордановиќ – додаде тој, а Џорџ рече дека е Ѓорѓевиќ.
Во поткастот главна тема беше ракијата, па двајцата кажуваа како се пијанчеле со неа.
Во приказната се вклучи и Далас Радерфорд, соиграч на Џорџ од колеџот и еден од водителите на поткастот.
- Пол беше луд кога беше во Србија, постојано ми се јавуваше со видеоповик и ми велеше дека морам да дојдам – истакна Далас.
Џордан на крајот заклучи:
- Србија е феноменална земја. Ја имаме Србија во Денвер. Така што тоа е супер. Никола пишта музика, има ракија за сите, ме разбирате? Тој и уште еден мој соиграч, Влатко Чанчар, кој е од Словенија, ми дадоа ракија – се фалеше Денандре Џордан.