Младиот кинески играч  Џанг Џиџие (17) почина по натпревар во бадминтон одигран во Индонезија. Страшната трагедија ја потресе локалната јавност, а на социјалните мрежи кружи вознемирувачка снимка на која се гледа како Џанг колабира на теренот. Докторите притрчаа, можеби недоволно брзо, а потоа се обидоа да му помогнат.

За жал, Џанг почина кратко пред полноќ на 30 јуни, а наводно бил жив по пристигнувањето во болницата: „Бадминтон Азија, ПБСИ и организацискиот одбор се крајно тажни и изразуваат најдлабоко сочувство до скршените родители на Џанг, семејството и Кинеската асоцијација за бадминтон (CBA. Светот на бадминтон загуби талентиран играч“, стои во соопштението кое беше објавено по смртта на младиот спортист.

„Медицинските извештаи покажуваат дека жртвата доживеала ненадеен срцев удар“, рече Брото Хепи, портпарол на Здружението за бадминтон на Индонезија (ПБСИ).