Бобан Николовски стана директор на Царинската управа

230

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинската управа од Стефан Богоев, кој беше на оваа позиција од јуни минатата година.

– Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и спречување на корупцијата и на сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите, како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели – порачува Николовски.

Тој е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.