Подигнати 600 тони комунален отпад во општина Шуто Оризари

97

Само во текот на месец јуни, екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена подигнале и транспортирале вкупно 600 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари.

Од претпријатието велат дека континуирано го собираат и го транспортираат комуналниот отпад на територијата на оваа скопска општина, во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје. Воедно, секојдневно се врши машинско миење на улиците коишто се во надлежност на Град Скопје.

-И во претстојниот период, Комунална Хигиена ќе продолжи со континуирани секојдневни активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во оваа скопска општина – соопштија од претпријатието.