Се реконструираат улици во Пинтија заборавени три децении   

68

Патна инфраструктура на површина од над 5.000 квадратни метри почна да се реконструира во населбата Пинтија.

Како што соопштија од Општина Кисела Вода, станува збор за улиците „Саса 12″ и „Јабланица“ со сите нивни краци, улици кои што не биле обновени триесет години.

-Ќе се врши асфалтирање и поплочување со павер елементи на површина од над 5.000 квадратни метри.  Како што ветив, патната инфраструктура низ целата општина, до крајот на мојот мандат, а и порано од тоа, ќе биде обновена, со што ќе овозможиме одлични услови за одвивање на сообраќајот и ќе го унапредиме квалитетот на живот во сите населби и населени места низ општина Кисела Вода – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.