![US President Joe Biden and First Lady return to The White House](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2024/06/12304771-696x464.jpg?x14505)
Високи американски демократи и донатори разговараат за можноста да го заменат својот претседателски кандидат пред партиската конвенција во август, по лошиот настап на дебатата оваа недела, објави Блумберг, опишувајќи го настапот на американскиот претседател во ТВ пресметката со поранешниот американски лидер Доналд Трамп како “катастрофално”.
„Од Вашингтон до Волстрит“, многу членови и поддржувачи на Демократската партија дојдоа до заклучок дека смената на Бајден сега е „единствената надеж за демократите“, заклучува агенцијата.
Спонзорите на американската Демократска партија се длабоко вознемирени од резултатите од дебатата и ја разгледуваат можноста актуелниот шеф на Белата куќа, против своја волја, да биде исклучен од листата на претседателски кандидати, пишува „Њујорк тајмс“.
Од друга страна, некои донатори се уште се надеваат дека американскиот претседател Џозеф Бајден „ќе се вразуми“ и доброволно ќе одлучи да не учествува на изборите.
Единствената личност која има влијание врз него е првата дама, чија одлука може да го смени курсот, наведува Ен-би-си, истакнувајќи дека Бајден ќе разговара со семејството за иднината на неговата изборна кампања.
Некои донатори дури предлагаат да се побара од сопругата на претседателот, Џил Бајден, да го убеди да се откаже.