По нападот на израелската амбасада во Белград: Прогласено е црвено ниво на безбедносна закана од тероризам во цел Србија како превентивна мерка

922
фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за РТС изјави дека Србија е безбедна по вчерашниот напад на израелската амбасада во кој беше ранет припадник на жандармеријата.

Тој додаде дека е прогласено црвено ниво на безбедност и дека полицајци, припадници на жандармеријата и други единици на српското МВР се присутни на повеќе локации во Србија.

„Зајакната е безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништва, државните институции, но и критичните инфраструктурни објекти, особено оние каде што има многу луѓе, како што се пазарите, автобуските и железничките станици, центарот на градот“, нагласи Дачиќ.

Тој посочи и дека ситуацијата е безбедна и дека „терористичкиот акт е запрен на првиот чекор, но дека таквата постапка и дека прогласувањето на црвено ниво на безбедност е превентивна мерка.

„Понекогаш таквите напади можат да бидат замка и да го одвлечат вниманието, а главниот напад може да се случи на друго место, па затоа е неопходно да се подигне нивото на безбедност и ништо да не се остави на случајноста“, подвлече Дачиќ.

Тој нагласи и дека терористот Милош Жујовиќ (25), чие религиозно име е Салахудин, е преобратеник од Младеновац, а неговата сопруга е муслиманка од Црна Гора.

Министерот исто така рече дека Жујовиќ пред нападот во израелската амбасада ја посетил синагогата во Белград.

„Полицијата беше таму. Можеби и таму ќе нападнеше некого да немаше полиција“, изјави Дачиќ.

Тој, исто така, додаде дека пред нападот на жандармите пред амбасадата, Жујовиќ дошол три пати во куќичката во која престојува обезбедувањето на амбасадата и прашал за музеј.

„Инаку, тој се пресели во Нови Пазар. Знаеме и дека има едногодишно дете, кое е со мајка му. Ја пребаравме куќата во Нови Пазар и Младеновац каде се неговите родители“, подвлече Дачиќ.

Министерот особено ја истакна смиреноста, подготвеноста и обуката на жандармот М.Ј., кој успеал да го убие напаѓачот со стрела во вратот, но и да остане целосно смирен и да не ја допира стрелата, која му го спасила животот, бидејќи немало повеќе обилно крварење.