Она што не можеа да го добијат за 7 години, пензионерите го добија за пет дена

Највозрасната популација во Македонија конечно е задоволна, линеарно покачување од 5.000 денари ќе има  

1850

Македонските пензионери, кои бројат над 300 илјади, се задоволни од одлуката на новиот премиер, Христијан Мицкоски, кој уште на првата владина седница обезбеди линеарно зголемување на пензиите во септември годинава за 2.500 и во март 2025 година, исто така, линеарно за 2.500 денари. – Доаѓаат убави времиња и за нас. Со оваа корекција, просечната пензија ќе се изедначи со минималната плата, која во моментов е околу 22 илјади денари. Цел живот работиме и сега редно е да уживаме во нашите пензионерски денови, со семејството и со нашите внучиња – први се огласија велешките пензионери, задоволни од зголемувањето

 

Највозрасната популација во земјава, македонските пензионери кои што бројат над 300 илјади се задоволни од одлуката на новиот премиер Христијан Мицкоски кој уште на првата вадина седница обезбеди линерарно зголемување на пензиите во септември годинава за 2.500 и во март 2025 година исто така линерано за 2.500 денари. Со тоа од март идната година, па натаму пензиите трајно ќе им бидат зголемени за 5.000 денари и со тоа ќе се намалат разликите меѓу пензионерите.

– Доаѓаат убави времиња и за нас. Со оваа корекција, просечната пензија ќе се изедначи со минималната плата, која во моментов е околу 22 илјади денари. Цел живот работиме и сега редно е да уживаме во нашите пензионерски денови, со семејството и со нашите внучиња – први се огласија велешките пензионери, задоволни од зголемувањето.

Токму во Велес замина Мицкоски, во петокот попладне, по одржувањето на владината седница.

– Ова што е направено за пет дена, поранешната власт не го направи ниту за седум години – рече премиерот Христијан Мицкоски пред жителите на скопската населба Ѓорче Петров и пред велешани за да ги потсети дека ветувањето што им го дал во октомври лани, сега, како премиер, го реализира.

На средба со Здружението на пензионерите од Велес, тој нагласи дека за него и за Владата главна цел ќе биде да обезбедат подостоинствени денови за најстарата популација во земјава.

– И тогаш рековме и денес сакам да го потврдам тоа, дека наша главна цел ќе биде нашите повозрасни сограѓани да имаат подостоинствени пензионерски денови, односно во најубавите години од својот живот да може да се чувствуваат пристојно и достоинствено, а не како што беше минатата есен и зимата, кога, за жал, нашите родители, дедовци, баби, наместо да ги поминуваат пензионерските денови онака како што заслужуваат, чекореа по улиците и плоштадите ширум Македонија, барајќи поголеми права и повисоки пензии – кажа Мицкоски и дополни дека со ребалансот на буџетот ќе бидат реструктуирани 5 милијарди денари или повеќе од 80 милиони евра за да се обезбедат потребните средства за пензиите.

Пензионерите протестираа со месеци од минатото лето за достоинствен живот и зголемување на пензиите и бараа од поранешната власт на СДСМ линеарно покачување на пензиите. Тие ум укажуваа дека инфлацијата им ги јаде и онака малите примања. Но, поранешната министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, не се согласуваше со нивните ставови, цврсто им објаснуваше дека треба два пати годишно да се нивелираат пензиите, согласно со новата методологијата, односно да има усогласување на пензиите во однос на растот на трошоците на живот. Таа во неколку наврати ги посети и пензионерските протести, но не го прифати нивното првично барање пензиите линеарно да се зголемат за 3.000 денари.

(В.Ма.)