Започнаа активностите за реконструкција на спортското игралиште во дворот на училиштето во Давидово.
Поставен е долниот дел од тартан подлогата, по што во наредниот период следуваат активностите за: поставување на кош, реконструкција на головите за фудбал, поставување на финиш подлогата за тартан и одбележување на теренот.
-Граѓаните на Давидово ќе добијат модерен спортски терен за спорт и рекреација на сите жители, поготово најмладите – соопштија од Општина Гевгелија.