Фудбалерите на Аргентина се пласираа во четврт-финалето на Копа Америка откако го совладаа Перу со 2:0. Актуелниот светски шампион без Лионел Меси успеа лесно да стигне до триумфот, а во негово отсуство се истакна Лаутаро Мартинез. Тој беше двоен стрелец, првиот гол го постигна во 47. Минута, по асистенција на Анхел ди Марија, а конечниот резултат го постави во 86. минута.
Покрај Аргентина, од оваа група натпреварувањето го продолжува и Канада, за која беше доволно и ремито 0:0 против Чиле.