Германската полиција уапсила маж што во текот на натпреварот меѓу Данска и Германија се качил на покривот на стадионот. Лицето предизвикало голема паника на полувремето и токму поради неговото апсење доцнел почетокот на вториот дел. Не се знае какви биле намерите на уапсениот.
- Полицијата го уапси човекот. Тој во тоа време не бил опасен за другите луѓе. Не можеме да дадеме информации за неговиот идентитет или мотиви – се вели во полициското соопштение.
A man was ARRESTED after climbing up to the top of the stadium after Germany vs Denmark…
WOW. 🤯 pic.twitter.com/1O4dJiPQaK
— Mail Sport (@MailSport) June 29, 2024
Во апсењето помогнал и хеликоптер, кој го осветлил човекот.